1. Релевантност на целите

2. Цели на проектот

3. Општа стратегија и генерален опис


 

  

1. Релевантност на целите

Потрошувачката на храна има значајно влијание на здравјето и на опстојувањето на луѓето од Југоисточна Европа. Сфаќањето на однесувањето на потрошувачите е важно за индустријата на храна, во однос на нејзината пазарна ориентација и можноста за адекватен одговор на домашната и меѓународната побарувачка.

 

Меѓутоа, за да се разбере важноста од разбирањето на однесувањето на потрошувачите на храна, во ЗЗБ е потребна соодветна инфраструктура, која моментно не постои.  Релативно слабиот јавно-истражувачки сектор, кој ги вклучува и научните институции, слабо реагира на промените и на реформите во курикулумите за учење. Професорите и научниците неретко не зборуваат странски јазици и заради тоа немаат можност да дојдат до значајна количина на насобрано знаење насекаде во сватот. Науката во ЗЗБ остана многу дескриптивна со мала примена н анализи и слаба ориентираност кон примена на резултатите. Општо, финансирањето од меѓународни агенции било скромно.

 

Друга слаба точка е ограничената соработка помеѓу институциите. Иако поголем број на истражувања, вклучително и науката за шпотрошувачка на храната, бараат мултидисциплинарен пристап, доста научници продолжуваат да работат самостојно. Оваа ситуација е условена од оскудните јавни финансиски средства за наука која резултира со изразена компетиција меѓи истражувачките институции.

 

Новите здруженија на потрошувачи кои ги заменуваат државно управуваните агенции треба да усвојат определени искуства и експертизи. Дополнително, имајќи ги предвид договорите за слободна трговија помеѓу државите на Балканот, овие здруженија треба да ја зајакнат регионалната соработка и поврзување.

 

Фокус на овој проект ќе бие однесувањето на потрошувачите и нивните ставови спрема храната, разбирање на општествените тенденции и идентификација на основните детерминанти за одбирање на храна и за потрошувачки пристап спрема храната.

 

FOCUS-BALKANS има за цел да развие и прилагоди истражувачки алатки за процена на однесувањето на потрошувачите спрема храната во ЗЗБ низ интегрирана размена на информации помеѓу ЕУ и универзитетите на Балканот како и помеѓу самите центри на Балканот (факултети, институти за јавно здравје, потрошувачки организации и др.).

 

Силната соработка со темета KBBE2007-2-1-01 (поврзување со науката за потрошувачка на храна во Европа како и примена на општествените и науките за однесување при истражување на храната) би требало да создаде предлог кој би осигурал континуиран пристап во ажурирањето на резултатите во врска со методите и алатките кои се користат во науката за потрошувачка на храната.

 

Во однос на напредокот кој треба да биде остварен, проектот FOCUS-BALKANS поддржува  развој на курсеви или семинари за науката за потрошувачка на храна на локалните факултети како и вклучување на студенти на докторски дтудии на оваа тема.
Во однос на поврзувањето, Конзорциумот се надева на зголемување на соработката во врска со науката за потрошувачка на храна надвор од самиот проект како зголемен број на заеднички публикации, вклучувајќи пристапи од различни дисциплини.
Во однос на самиот концепт и глобалната свест, проектот ќе овозможи пристап на резултатите и информациите за навиките на потрошувачите како и за трендовите на пазарот идентификувани преку проектот.
Тоа ќе ја зголеми соработката помеѓу јавно-здравствените институции и граѓаните и ќе укаже на меѓусебната поврзаност на нутритивните, економските и земјоделсите политики во ЗЗБ.

2. Цели на проектот

Општа цел на проектот FOCUS-BALKANS е да ги зголеми компетенциите и сфаќањата на полето на науката за поптрошувачка на храна во балканските земји.

Тоа ќе резултира со значајно учество на научни работници од ЗЗБ во проекти поврзани со науката за потрошувачка на храната и со зголемен број на публикации во научни списанија и во списанија за потрошувачи во врска со науката за потрошувачка на храна во ЗЗБ. Целта е корисниците на проектот да бидат активни во рамки на науката за потрошувачка на храна во своите држави и во регионотn.

Специфични цели на проектот се:

 

  • Развоја на компетенции и сфаќања на јавните организации, приватните фирми и невладините организации во ЗЗБ во врска со науката за потрошувачка на храна (тренинг);
  • Развој на мрежа н факултети, институции, високи школи, здруженија на потрошувачи. Невладини организации и приватни фирми кои се активни во науката за потрошувачка на храна (вмрежување);
  • Да се има подобро знаење и разбирање на потрошувачите на храна во ЗЗБ со фокус кон производите со нагласена нутритивна вредност (лесна здрава храна и овошје) и/или одржливост (органска храна и традиционални производи).

Делот на тренинг програмата ќе им понуди на учесниците :

·    Теоретска база за разбирање на науката за потрошувачка на храна;

·    Разбирање на методите кои се користат во науката за потрошувачка на храна;

·    Дополнување на податоците за пазарот како резултат на пристапот на учење низ пракса кои ќе им обезбеди на  учесниците голем број на релевантни податоци за структурата на пазарот, потрошувачките трендови и можности во три различни пазарни области: Органска храна, регионална (ттрадиционална) храна  Диетална храна и еден од најголемите пазари кога е во прашање здравјето на луѓето – овошје;

 Тоа како резултат ќе има ефективни односи и размена меѓу корисниците на проектот од ЗЗБ, разбирање и усвојување на методи и методологии, спецификација на делокругот на секое истражување, креирање на различни методологии и добар увид во аспектот на реализација на испитувањето на потрошувачите.

 

 

Делот на програмата кој се однесува на вмрежување е осмислен како начин за полесна размена на знаења меѓу здруженијата на потрошувачи и фармерите, произведувачите, преработувачите и трговците. Тоа треба да резултира со јака врска меѓу јавните институции и приватните фирми кои се значајни учесници во генерирањето и користењето на истражувањата во врска со храната (фармери, произведувачи, преработувачи и здруженија на потрошувачи).

 

Вмрежувањето ќе воспостави рамки за двете работи (a) развивање на соодветни политики и стратегии на дистрибутивните ланци базирани на разбирање на склоностите на потрошувачите и пазарните прилики и  (b) подобра ефикасност на исхраната и здравствената политика.

Тоа ќе резултира со мобилизација и зголемена информираност на главните учесници активни во областа поврзана со науката за потрошувачка на храна во ЗЗБ.

 

 

Истражувачкиот дел на програмата би требало да доведе до унапредување на локалната соработка и техничките компетенции. Проектот ќе развие анализа на поттикнувачите и детерминанти на однесување за време на потрошувачката на храна во ЗЗБ на база на соработка помеѓу ЕУ и факултетите и малите и средни претпријатија од ЈИЕ со вклучување на организациите на потрошувачи кои ќе играат главна улога при ширење на резултатите. Истражувањето кое ќе биде дел од процесот на стекнување на знаења: пазарни и потрошувачки студии (испитувања, собирање на податоци и нивна синтеза) ќе биде водено од актерите од ЗЗБ со силна поддршка на експерти од Конзорциумот.

 

Јавноста и учесниците во проектот ќе се запознаат со различните фактори кои влијаат на ставовите и перцепциите на храната и ќе ги објават податоците за однесувањето на потрошувачите кон посебни групи на храна. Резултатите на проектот ќе се публикуваат во вид на извештаи, летоци, брошури, трудови и на други начини.

 

Деталните цели на проектот се јасно и мерливо опишани во логичната рамка на проектот.


 

3. Општа стратегија и генерален опис

 

 

FOCUS – BALKANS ќе опфати 6 земји од ЗБ: Словенија како членка на ЕУ, Хрватска и Македонија како земји кандидати за ЕУ и Босна, Црна Гора и Србија како ICP земји.  

Основни принципи на кои е базиран планот за работа се следниве:

  • Моментна анализа на потоечката состојба е непопходна за да се добие потполно разбирање на постоечката состојба на знаења за науката за потрошувачка на храна во земјите каде се спроведува проектот;
  • Преглед на системот на знаење ќе помогне при идентификација на важните учесници во овој систем кои подоцна ќе бидат вклучени во мрежа и искористени како ресурси или ќе бидат целна група за тренинзи и активности во однос на мрежата;
  • Постои потреба за развој на база на знаења. Заради тоа, проектот ќе започне со истражување на податоците за потрошувачките тенденции, очекувања и однесувања. Тоа ќе се реализира преку квалитативни студии со длабински интервјуа со потрошувачи за 4 главни пазари како и општа квантитативна потрошувачка студија. Воспоставувањето на капацитети е исто така важно. Заради тоа, реализацијата на активностите на FOCUS-BALKANS подразбира пристап на учења низ пракса. Основните истражувања ќе ги имплементираат локалните партнери од факултетите, студенти, СМП, со помош на тренери од поедини области;
  • Воспоставувањето и ширењето на мрежата ќе биде самоодржливо. Договорот на FOCUS-BALKANS предвидува постоење на мрежа на соработници која ќе ја водат партнерите од локалните универзитети и по завршување на ЕУ програмата;
  • Конзорциумот на проектот FOCUS-BALKANS одбра 4 пазари кои ќе бидат анализирани. Прв е пазарот на овошје кој ќе биде опфатен со сеопфатна студија за диететските и потрошувачките навики. Со оглед на тоа дека овошјето и зеленчукот се важен дел на добро балансираната исрана, истражувањето ќе започне со овие производи. Базирањето само на овошје, а не и на зеленчук ќе го направи проектот попогоден за управување, но принципите научени од студијата може да се аплицираат и врз други сектори, како што е зелнчукот.
    Втората студија ќе се фокусира на производите со здравствени изјави. Разбирањето на побарувачката на овие производи ќе даде важни информации за односот на популацијата кон здравјето. Студијата ќе даде увид во мотивациите на потрошувачите и однесувањата кои ќе бидат важни за понатамошна комуникација поврзана со деталните информации и препораки.  Студијата ќе укаже на разликите помеѓу групите на потрошувачи (сегментирање на балканската популација условена од разни критериуми коио ќе бидат одредени со методологија, на пример регион на потекло, старост, пол, образование, приходи и др.)  Третата студија ќе биде за органското производство. Потрошувачката на орхански призводи е еден од показателите на здравјето и на заинтересираноста за заштита на животната средина. Повеќе студии покажуваат дека здравјето е примарна мотивација за потрошувачите за да купуваат органска храна
    .